ВИДЕО: Стан од 34 квадрати има 24 соби

STAN.jpg

Архитектот Гари Чанк направил 24 станбени единици во стан од само 32 квадратни метра. Станот се наоѓа во еден од најгусто населените градови – Хонгконг.

Чанг со години ги истражувал различните можности за оптимизација на просторот. Тој во својот мал, семеен стан во центарот на Хонгконг живее од својата 14-та година. Станбената реконструкција ја започнал кога неговите родители се отселиле од местото. За разлика од вообичаеното решение во такви ситуации, тој не срушил ни поместил ниту еден ѕид во станот, туку додавал нови.

Гари го преуредил станот со помош на панели и ѕидови на лизгање, правејќи 24 различни единици во 32-квадратниот простор. Новинари од “New York Times” го постетиле станот на Чанг за да се уверат во ефективноста на оваа трансформација. Тој ги пречекал во својата соба за забава, играјќи видео-игри. Американските новинари биле запрепастени од глетката: станот имал свое домашно кино, бања, кујна, спална соба и други простории, во зависност од потребите на Чанг.

Овој 50-годишен архитект се преселил со своите родители и помалата сестра во станот на центарот на Хонгконг, кога имал 14 години. Како и другите 370 стана во 17-спратната зграда, станот бил поделен на помали соби – три спални, кујна, купатило и ходник. Родителите на Чанг живееле во една соба, сестра му во друга, а третата била резервирана за 20-годишна потстанарка, која во тоа време живеела со нив.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail