steblo-biblioteka.jpg

Што се случува кога библиотекар пред својот двор има стебло на дрво старо повеќе од 100 години? Па секако, го претвора во библиотека! Главен лик е библиотекарката Шарли Армитаж Хауард од американската сојузна држава Ајдахо, чија креативност дошла до израз кога локалните власти донесле одлука за сечење на старото дрво пред нејзиниот тревник заради безбедносни причини.

Потпомогната од непрофитната организација „Little Free Library“ (Мала бесплатна библиотека), семејството успeало да го издлаби стеблото и да го претвори во интересна улична библиотека.

Изнајмувањето на книгите е бесплатно, а како изгледа може да видите во приложеното видео.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail