ВИДЕО: Страшна глетка – Луѓето оделе како зомбија, а за тоа е виновна една опасна дрога

droga.jpg

Вкупно 25 лица се предозирале во саботата откако земале прекумерна доза од синтетичката марихуана, на истата улица во Њујорк, каде пред две години се предозирале 33 лица.

Во сцената која потсетила на филмовите со зомбија, Њујорчаните се држеле за објектите и паѓале по тротоарите.

Полицијата соопштила дека сите 25 лица земале прекумерна доза од синтетичката марихуана – позната како K2 – која предизвикува параноја, халуцинации и повраќање.

Сите биле хоспитализирани. Полицијата дошла на повик вечерта во околу 7:30 часот во Бруклин, каде затекнала речиси безживотни луѓе како лежат по улиците. Веднаш биле префрлени во болница. Сведоците рекле дека корисниците изгледале како зомбија и дека не можеле да стојат исправено.

“Ги нарекуваме живи мртовци”, рекол сведокот, 23-годишниот Израел П., кој работи во ресторан во близина.

Тој додал дека видел дека амбулантно возило одведува три лица. Полицијата го уапсила 41-годишниот Тајкван Холи, поради поседување на синтетичка марихуана. Холи претходно бил апсен 18 пати поради проституција и грабежи.

Полицијата претресла два локали за брза храна на Бродвеј, “Big Boy Deli” и “Star Deli and Grill”. Властите тврдат дека “Big Boy Deli” е единствен дистрибутер на ова подрачје.

К2 содржи хемикалии кои делуваат на истите рецептори во мозокот како и THC-то од природната марихуана. Често се продава за 1-5 долари по пакување. Но, комбинацијата на хемикалии варира од пакет до пакет, па ефектите од оваа дрога се непредвидливи и променливи при секоја употреба.

Се пакуваат под имиња како “Spice”, “AK-47”, “Smacked”, “Green Giant Scooby Snack” и други. Предизвикува напади, психоза, зависност и смрт. Исто така доведува до забрзано чукање на срцето, параноја, конфузија, повраќање и халуцинации.

Од 2015. година итната помош во Њујорк примила повеќе од 6.000 луѓе поради оваа дрога, а две лица загинале.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail