ВИДЕО: Студенти по медицина снимија спот со инструкции – како да му помогнете на лице при епилептичен напад

Како да помогнете доколку некој во вашата околина има епилептичен напад, чекори и совети.
Погледнете од видеото изработено по повод Недела на мозокот 2018 година проект на Одборот за Човекови права и мир при Македонската Медицинска Студентска Асоцијација (ММСА).

Доколку некој има епилептичен напад:
1. Не паничете!
2. Обезбедете го просторот околу него, тргнете ги предметите со кои може да се повреди.
3. Свртете го во странична положба и ставете нешто меко под глава како јакна или ташна.
4. Мерете го времето колку ќе трае нападот. Обично трае 2 минути.
5. Откако ќе заврши нападот бидете сеуште покрај него и внимавајте на неговите постапки. Може да биде вознемирен и да сака да избега или да се повреди себе си.
6. Бидете тивки!

Викнете итна медицинска помош доколку:
1. Не го познавате човекот и не знаете дали е прв напад.
2. Доколку нападот трае подолго од 5 минути.
3. Доколку при нападот се повредил и има крв

Не правете:
1. Не се обидувајте да ставите предмет или рака во уста, може да се повредите и себе и него.
2. Не викајте гласно и не го туркајте, не го допирајте.
3. Не правете гужва!
Се што можете да направите доколку сте сведок на епилептичен напад е само да се погрижите за неговата и својата безбедност и да чекате додека да заврши.

Голема благодарност до Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје (ЈСП ) за несебичната соработка!

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top