ВИДЕО:Студентка по грешка од банка добила милиони и сè потрошила на парталчиња

studentka.jpg

Малезиската студентка е обвинета дека потрошила дури 4,6 милиони долари на луксузни работи откако една од четирите најголеми австралиски банки, “Westpac”, по грешка и дала неограничено пречекорување на сметката.

Кристи Џиаксин Ли во вторникот пристигнала на суд во Сиднеј заедно со адвокатот Хју Ештон кој за Daily Mail рекол: “Жестоко ќе се браниме од сите обвиненија”. 21-годишната девојка е обвинета дека нечесно стекнала финансиска корист со измама.

“Убедени сме дека клиентката ќе биде ослободена. Дојдоа и нејзините родители кои ја поддржуваат и сите работиме како тим”, рекол Ештон. Ли планира да се врати во Малезија кога случајот ќе се затвори

Мет Трегонинг, претставник на банката во овој случај, рекол дека се надева на “правда”.

Ли била уапсена во мај оваа година на аеродромот во Сиднеј кога се обидувала да се качи на лет за Малезија. На студентката по хемија банката по грешка во 2012. година и одобрило неограничено пречекорување, а Ли тоа го открила во 2014. година. Потоа потрошила 4,6 милиони долари за 11 месеци. Во само еден ден потрошила 220.000 долари на работи од “Christian Dior”, а повеќето од парите ги потрошила на дизајнерски ташни и парталчиња.

Еден од раководителите на банката ја увидел грешката во април минатата година, па побарал од Ли да ги врати парите. Студентката тврдела дека мислела дека родителите и ги префрлиле тие пари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail