ВИДЕО: Учениците во ова училиште мораат да пишуваат со двете раце истовремено

Сите ученици во ова училиште мораат да пишуваат и со левата и со десната рака бидејќи директорот инсистира секое дете да ги користи двете раце подеднакво.

Многубројните истражувања утврдиле дека 10 проценти од популацијата пишува со лева рака, но само еден процент е способен тоа да го прави со двете раце.

Меѓутоа, сите 300 ученици во “Вена Вандини”, училиштето во Индија, можат да пишуваат со левата и десната рака, а некои од нив можат дури да пишуваат во исто време на различни јазици.

“Прочитав во весниците дека првиот претседател на Индија, др. Рајендра Прасад, можел да ги користи двете раце за пишување. Тоа ме инспирираше да научам, а подоцна и да ги обучам своите ученици.” – вели Шарма, основач на училиштето и поранешен војник

Погледнете повеќе во видеото.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail