(ВИДЕО) УГД е подготвен да ги прими новите студенти

VIDEO-UGD-e-podgotven-da-gi-primi-novite-studenti.jpg

(ВИДЕО) УГД е подготвен да ги прими новите студенти

Универзитетот е подготвен и ги очекува новите студенти на УГД кои со сигурност ќе ги имаат најдобрите услови за студирање и напредок, истакна меѓу другото ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев на денешната прес-конференција.

Пред новинарите тој кажа дека со изборот на УГД студентите ќе го направат најдобриот избор и со сигурност ќе добијат квалитетно и употребливо знаење за иднината.

– Би сакал да информирам дека е распишан Kонкурсот на УГД за упис на нови студенти. Би сакал да ги повикам идните наши студенти да дојдат на УГД во Штип, бидејќи располагаме со соодветни услови и студиски програми. Располагаме со доволен број на квалитетни професори кои можат да изведуваат квалитетна настава. Гарантираме дека ќе добиете квалитетно образование за времето кое доаѓа и гарантираме дека ќе имате убав живот во градот Штип – изјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

Првиот уписен рок е на 29, 30 и 31 август и на 3 септември, а сите детали ги има во Конкурсот кој е веќе објавен на веб сајтот на УГД. Целосната прес-конференција на ректорот на УГД погледнете ја во видеото подолу.

Извор: UGD Life

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top