ВИДЕО: Во ова село парите веќе не се во употреба

индиско-село.jpg

Многу работници престанале да работат на фармите бидејќи не се платени, но пронашле, условно кажано, нов начин да преживеат.
Жителите во селото Бриндапур во Бенгал се вратиле на системот на размена на производи поради паричната криза во Индија.

“За еден килограм ориз добивам компир, шеќер и сол”, вели една жителка на Бриндапур.

“За еден килограм ориз добивам масло за готвење и компир, барав и колачиња за детето, но не можев да добијам”, вели една млада мајка од истото село.

Кризата за пари во Индија започнала откако владата ги отфрлила банкнотите од 500 и 1.000 рупии минатиот месец. Многу работници престанале да работат на фармите бидејќи не се платени, но пронашле условно кажано нов начин да преживеат. Фармерите ги убедиле да работат за храна и други производи.

“Ги убедивме да работат за храна, и ние сме беспомошни”, рекол еден од фармерите. Сепак, работниците не биле среќни,бидејќи оризот и компирот не може да биде замена за сè што им е потребно.

“Добивавме пари со кои купувавме риба и месо, сега можеме да јадеме само ориз и компир. Наместо пари шефот ни дава килограми ориз. Што да правам со тоа”, се жали една од работничките, пренесува Telegraf.rs.

Сепак, овие луѓе кои се вратиле на системот на наједноставната размена на производи, пронашле решение. За дома задржуваат еден килограм ориз, а остатокот го носат на пазар каде го менуваат за други производи.

Мештаните ќе бидат задоволни некое време, но доколку не добијат пари наскоро, целата економија би можела да пропадне.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail