ВИДЕО: За половина час 10 милијарди тони мраз паднаа во море

Санта мраз долга 6 километри, се отцепи на Гренланд и падна во океанот.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Настанот, кој се случи на 22 јуни, го документираше Денис Холанд од Центарот за набљудување на промените во нивото на океаните.

Одвојувањето на глечерот, кој е поголем од Менхетн, траел 30 минути, а во океанот се урнале 10 милијарди тони мраз.

Отцепениот мраз, според Холанд, претставува само три отсто од вкупното количество што Гренланд годишно го губи, односно годишно се одвојуваат 286 милијарди тони мраз.

Секое такво одвојување може да предизвика еден вид на потрес, што може да се почувствува далеку.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top