ВИДЕО: Започна чипувањето на луѓето

Aмериканска компанија од државата Висконсин ги направи реалност сценаријата од иднината кога луѓето ќе живеат со имплантирани микрочипови за да бидат функционални.

„Three Square Market“ започна да вградува чипови во своите вработени со цел да ги направи плаќањата побрзи и да додаде многу други можности. Шефот на компанијата Тод Вестби појасни во интервју за KSTP дека микрочиповите можат да ги заменат телефонските платежни системи и кредитните картички.

„Тоа е следното нешто што ќе се случи неизбежно, и ние сакаме да бидеме дел од него“, вели Вестби.

Компанијата развива софтвер за трговски центри со автомати за продажба, кои обично се наоѓаат во канцелариските комплекси.

Луѓето со вграден чип во раката можат полесно да овластуваат исплати за избрани производи со едноставно пружање на раката за скенирање, слично на плаќањето со телефон. Имплантација на чипот со големина на зрно ориз помеѓу палецот и показалецот се случува само за неколку минути.

chip_implant_01

Во прилог на брзите плаќања, имплантација на микрочип во раката има и голем број на други предности како што се брзо логирање во компјутерите и обезбедување на пристап до зградата, откако на секој чип може да биде доделено специфично ниво на пристап.

Микрочипот чини само 300 долари и очигледно повеќето од вработените имаат тенденција да го имплантираат во себе, и покрај очигледните ризици кои вклучуваат GPS следење. Податоците се сигурни и криптирани, посочуваат од компанијата.

Тод Вестби уверува дека технологијата нема да се користи за следење на вработените, иако не е јасно дали самите чипови овозможуваат слична функција. Ако сепак таква функција е достапна, би било многу лесно да се следи секој чекор на работникот со помош на чипот.

Засега ниту еден вработен во Three Square Market не е должен да си стави чип-имплант. Новата придобивка ќе ја добијат уште оваа недела 50 вработени на компанијата, кои доброволно го посакуваат тоа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail