ВИДЕО: Жителите на овој град уживаат и на минус 40 степени

Жителите на Астана не се откажуваат од капењето во реката Есил, скијањето, ниту другите спортски активности на отворено, и покрај тоа што температурата на воздухот се симнува и до минус 40 степени.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Зимата во Казахстан трае 6 месеци, поради што жителите на Астана се навикнале на екстремно ниски температури, и не дозволуваат тоа да ги спречи во вршењето на секојдневните активности.

На ова подрачје може да се видат рибари, пливачи и скијачи кои одлучиле викендот да го минат занимавајќи се со спорт. Поединци уживале во трчање и скијање, додека други се одлучиле за потопла варијанта и возење на велосипед во спортски сали.

Улдана Романова изјавила дека и покрај студеното време, за време на викендите го носи својот внук до реката, каде заедно минуваат време и си играат.

“Иако е времето студено, сопругот, 5-годишниот внук и јас се санкаме од рано наутро. Цело време сме во движење, за да не ни студи”, додала таа.

Романова рекла дека веќе 15 години живее во Астана, каде температурите на зима знаат да бидат многу ниски.

“Луѓето не се затвораат дома бидејќи е надвор студено. Се занимаваат со спорт и учествуваат во социјални активности”, објаснила таа.

Во риболов тргнал и Сергеј Сидоров, кој, за да дојде до риби, мора да исече мраз дебел до еден метар.

“Риболовот е една од работите кои најмногу сакам да ги правам. Доаѓам и покрај студот. Тука сум во природа и одмарам. Ми претставува големо задоволство”, рекол Сидоров.

Алмас Сејтарбајев веќе две години влегува во реката окована со мраз. Вели дека капењето во зима е здрав начин на живот.

“Во водата е полесно да се влезе кога е студено. Кога е надвор минус 30, температурата на водата изнесува два до три степени”, рекол тој.

Сејтарбајев смета дека студената вода е добра за метаболизмот, и дека се капат луѓе од 2 до 70 години.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top