Види музика, слушни слика, добиј книга! на 22 јуни во Градски парк

vidi_muzika17.jpg

Традиционалниот мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“ ќе се одржи на 22 јуни во Градски парк во Скопје…

Во организација на Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар во Градскиот парк во Скопје, под отворено небо, ќе ечи музиката на една од највлијателните музички групи на сите времиња – „Пинк Флојд“.

Јубилејниот, десетти спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга!“ ги носи вечните теми на музичката четворка и тоа со симфониски оркестар. Диригирање и аранжман: Џијан Емин Солист: Ади Имери – вокал и гитара.

И годинава на подарок посетителите ќе добијат книга – „За одењето по мраз“ од Вернер Херцог, а мелем за очи повторно ќе бидат ликовните перформанси, овојпат на уметниците Јулијана Гешовска и Илија Спасовски-Чендо.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail