kgn-img-472938.jpg

Според овогодинешниот извештај на истражувањето од британското списание The Economist, Виена и оваа година е прогласена за град во кој е најубаво да се живее.

Виена и Мелбурн секоја година се во трка да ја освојат титулата „најдобар град за живеење“, но до минатата година, австралискиот град секогаш беше на прво место.

На четвртото место е Осака (Јапонија), по што следат три канадски градови: Калгари, Ванкувер и Торонто. Меѓу првите 10 градови е уште еден европски град: Копенхаген, кој го зазеде деветото место.

Истражувањето опфати 140 градови низ целиот свет и во него беа оценувани одржливоста, здравјето, културата, животната средина, образованието, инфраструктурата и стапката на криминал. Последиците од климатските промени за првпат беа вклучени во годишните проценки.

Виена постигна скоро перфектен резултат со вкупно 99,1 од можните 100 поени. Сиднеј се искачи од петто на трето место, причината што градот ја подобри својата културна понуда и состојбата со животната средина.

Париз падна за шест места по делумно насилните протести на „Жолтите елеци“ и сега е на 25-то место.

Покрај Дамаск, најмалку пожелни градови за живот во светот се Дака во Бангладеш и Лагос во Нигерија.

извор: кајгана

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail