Виенските научници ги прошируваат границите на виртуелниот свет

20161221-vienskite-nauchnici-gi-proshiruvaat-granicite-na-virtuelniot-svet-m.jpg

Кога со помош на 3Д наочарите се движиме низ виртуелната реалност околината обично вештачки се создава и претходно е сочувано како податок на компјутер. Меѓутоа група научници која се занимава со истражување на виртуелната реалност на Техничкиот Универзитет во Виена разви нов метод.

Станува збор за снимање на околината во живо, додека истовремено во реално време се создава тридимензионален свет во кој другите луѓе може да се движат слободно. Виртуелната реалност со овој метод ќе добие сосема нови можности за примена, оттука не е чудно што овој нов метод освои награда на најзначајната конференција за виртуелна реалност во Мексико која се одржа во септември оваа година.

Според новиот концепт виртуелната реалност претставува тимска работа затоа што бара најмалку 2 личности. Едното лице се шета со 3Д камера низ просторијата. На основа на снимката веднаш се создава тродимензионален облак и се пресметува 3Д карта на просторијата. Другото лице кое се наоѓа на некое сосема друго место истовремено може да ја гледа истата просторија. Од тродимензионалниот облак кој се испраќа преку интернет во живо се создава тродимензионален модел преку кој може да се дојде со помош на виртуелната реалност.

Оваа технологија може да се искористи и како поддршка на спасувачките единици во случај на природни катастрофи. Наместо човек, робот може да ја сними околината и да го истражи подрачјето на спасувачката акција.

Единиците би можеле да прегледуваат виртуелни фотографии од местото без да го изложат во опасност човечкиот живот. Уште една можност за користење на новата технологија би можела да биде и за обука на единиците за спасување. Пожарникарите би можеле со 3Д наочари да се обучуваат за дејствување во реалните ситуации.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail