Цел на проектот
Меѓународната летната школа е проект кој по седми пат се организира од страна на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј ” во Скопје и студентската интернационална платформа АИЕСЕК Скопје.
По веќе успешно реализираните шест меѓународни летни школи под наслов:
- „Направи разлика – стани зелен ЕУ лидер“ (2010)
- „Направи разлика – стани иновативен ЕУ лидер“ (2011)
- „Направи разлика – стани општествено одговорен ЕУ лидер“ (2013)
- „Направи разлика – стани европски лидер за одржлива конкурентска предност“ (2014)
- „Направи разлика – стани европски лидер кој креира промена” (2015)
- „Направи разлика – стани лидер со унапредување на регионалната соработка преку царинската модернизација“ (2016)
темата на овогодинешната Школа „Направи разлика – стани млад лидер во справување со новите економски предизвици на патот кон ЕУ” е дефинирана во согласност со актуелните проблеми и предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот на патот кон нивното полноправно зачленување во Европската Унија, од една страна; и тековните проблеми и предизвиците со кои се соочува Унијата по последната економска криза, од друга страна.
Целта на проектот е пренесување на теоретските и практични искуства поврзани со новите сознанија во економијата и јавните политики во посткризниот период, а кои треба да се земат предвид во справување со економските проблеми и реформи во земјите од регионот во функција на јакнење на конкурентноста на нивните економии на патот кон ЕУ.
Интегрални тематски области:
- Економски реформи и политики на патот кон ЕУ;
- Финансиски пазари и институции
- Институции и институционални реформи;
- Економија базирана на знаење;
- Претприемништво, бизнис и економски перформанси.
Во рамките на овие тематски области, проектот подетално ќе ги елаборира следниве прашања:
- Предизвиците во спроведување на економските реформи на патот кон ЕУ;
- Економските концепции и политики во пост-кризниот период;
- Улогата на финансиските пазари и институции за одржување на стабилноста и поттикнување на економската активност;
- Значењето на институциите за социо-економскиот развој;
- Институционалните реформи во функција на поттикнување на економскиот развој и зголемување на општествената благосостојба;
- Улогата на знаењето и човечкиот капитал во поттикнување на економскиот раст и реформските процеси на патот кон ЕУ;
- Економијата базирана на знаење како основа за побрз економски развој и глобална интеграција;
- Предизвиците на бизнис секторот на патот кон ЕУ;
- Улогата на претприемништвото во јакнење на конкурентноста на бизнисот и подобрување на економските перформанси.
Најавените тематски области ќе бидат покриени од академски кадар од реномирани и добро етаблирани универзитети, како и од експерти од релевантни домашни и меѓународни институции. Посебен простор на Школата ќе биде оставен за размена и пренесување на искуствата од успешните македонските компании.
Работен јазик на Меѓународната летна школа: англиски јазик
Период на одржување на школата: 07-13.8.2017
Локација: Конгресен центар, Охрид, Република Македонија http://www.ukim.edu.mk/kc/index_eng.html
ПРИЈАВИ СЕ ОВДЕ
КОТИЗАЦИЈА : 150 Eвра
Краен рок за пријавување: 15-ти јуни 2017
Потврда за прифатена пријава: 20-ти јуни 2017
Информација за студенти ОВДЕ
Фан страна на школата на Фејсбук ОВДЕ