Викенд тарифа: BMW го најави почетокот на нова ера

ab6bd217-9d07-4ccf-9d62-d56c6593906d_790.png

Концернот BMW Group објави официјално видео со четирите концептни модели Vision Next 100. Сите тие одделно беа прикажани минатата година во рамките на прославата на едновековниот јубилеј на германскиот производител.

Сите четири прототипови – BMW Vision Next 100, Rolls-Royce Vision Next 100, MINI Vision Next 100 и BMW Motorrad Vision Next, ги демонстрираат главните насоки во кои ќе се развива транспортот во наредните 100 години.

Според BMW, транспортните средства треба да бидат „активен придружник на луѓето во секојдневните ситуации“. Баварците се на мислење дека клучните концепти за идниот век ќе бидат автономно движење, индивидуалност, иновативни средства за безбедност, широки можности за поврзување и електрични изведби. Концептите имаат многу заеднички елементи, но истовремено се ориентирани кон различни потреби – од самобалансирачки мотоцикл, кој може да се вози сосема безбедно и без кацига, до суперлуксузна беспилотна лимузина со вештачка интелигенција, во која нема посебно место за возач. Во BMW Group сметаат дека иднината во склад Vision Next 100, веќе се случува. Затоа и видеото, симено во Лос Анџелес и Бангкок, го носи насловот така „Новата ера започна“. Реално, сепак се очекува првиот целосно автономен автомобил на Баварците, кој ќе може да прими огромни количини на информации преку 5G-врска, ќе се појави дури во 2021 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail