Викендов во Градскиот парк шести пат ќе се одржи „Скопје стрит фестивал“

ssf.jpg

Почнувајќи од денес во 17 часот, во Градскиот парк, престојниов викенд, шести пат ќе се одржи „Скопје стрит фестивал“.

Станува збор за отворен фестивал, без билети, кој и оваа година вклучува неколку стејџа – графити, стрит бол помеѓу познати скопски кафулиња, денс-стејџ, музичка стејџ, кои ќе бидат отворени до 9 јуни (1 часот).

На шестото издание од фетивалот, на главниот музички стејџ, присутните ќе имаат можност да ги видат Funk Shui, САФ и виртуозниот продуцент Кирил Џајковски заедно со MC David Lion. Програмата е надополнета со супер листа на македонски диџеи, меѓу кои: Чваре, Маци, Флудер, Мартин Војдановски, Страјк.

Агенцијата „Подиум“, која е организатор на настанот, најавува одлично шесто издание со огромен број креативни, забавни и едукативни концепти, врзани на една платформа, која, како што велат, урбано го буди Скопје.

Инаку, „Скопје стрит фестивал“ во изминатите шест години беше домаќин на повеќе од 200 артисти од Македонија, регионот и од светот и имал десетици илјади посетители.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top