47463197_317012555804622_3576606416284155904_o.jpg

Конечно и кај нас! Vip Game Fest 2018, најголемиот гејмерски настан за оваа година! Ова ќе биде мини-фестивал на игрите, викенд забава за сите гејмери!

Турнири во Fortnite, Heartstone, FIFA, Tekken, Cosplay (натпревар во маскирање), virtual racing, натпревар во местење на Рубикови коцки, board games, Magic, редење сложувалки и што уште не и сето тоа за лудница награди… И не се само играчите оние што ќе заминат со вредни награди, бидејќи ќе има цел куп изненадувања и за публиката!

Сѐ од гејмингот што може да го собере во фоајето на управната зграда на Vip во еден викенд, 22-23 декември! Сите гејмери и гејмерки, а богами и сите рандом љубители на игри, заокружете си го датумот и се гледаме на предновогодишен Vip гејминг жур! Влезот за посетителите како и учеството на турнирите е БЕСПЛАТНО!

Во текот на двата дена ќе има постојан стрим во живо на финалните турнири, кој публиката ќе може да го следи на лед екран и на официјалниот Facebook page на Vip и на GG.MK, кои се официјален стрим партнер на фестивалот. Фановите ќе навиваат за своите фаворити, а на крајот може да си заминат дома и со некое изненадување.

Подетални информации околу настанот може да најдете на официјалниот сајт: http://vip.gamefest.mk

Наскоро ќе објавиме и целосен распоред на настаните, турнирите, начинот на пријавување и
квалификациите…

Stay tuned!

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail