Виртуелна презентација на студентски проекти од INNO-SAE 2020

FEIT-logo.png

Collaboration between POWERVIEW and FEEIT

Датум на настан: 15.12.2020

Со особена чест и задоволство ја најавуваме презентацијата на студентските проекти од овогодинешната едиција на студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere (INNO-SAE) 2020. Оваа година INNO-SAE е во заедничка организација на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ и УСС – УКИМ.

Виртуелната презентација ќе се одржи преку ZOOM webinar на 15.12.2020 (вторник) во 17:00 часот. Линк за регистрација:

https://us02web.zoom.us/webinar/register/WN_BfsflRfkS-qlBw05sF7hQw

На презентацијата ќе бидат прикажани 6 интердисциплинарни студентски проекти од студенти од 9 различни факултети од УКИМ:

  1. СКАРЛЕТ – студенти од ФЕИТ/ФИНКИ/МФС – Систем за контрола на аерозагадувачи во реално време со летало
  2. HyTo – студенти од ФЕИТ/ФЗНХ – Автоматизиран систем за одгледување патлиџани во вода со помош на вградлив микросистем базиран на Ардуино
  3. AAP – студенти од ФЕИТ/АФ – ArchApp
  4. СИМ – студенти од МФ/МФС – Систем за инфузија со вградени мембрани
  5. SalivaDiag – студенти од СФ/МФ/ФФ – Плунката како неинвазивен дијагностички биофлуид за идентификација на индивидуи со зголемен ризик за метаболички синдром и кардиоваскуларни заболувања
  6. ЗЕЛЕН КЛУЧ – студенти од ФЗНХ/МФ/ТМФ – Зелен клуч за биолошка контрола на штетници

Ве очекуваме!

Извор: ФЕИТ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail