Вистинска супербабичка – осумдесет и едногодишната Масако прави апликации за телефон

super-babicka-e1488464477248.jpg

Јапонката Масако Вакамија знае повеќе за програмирање не само од своите врсници туку и од помладите генерации. Во својата деветта деценија ја направи својата прва мобилна апликација за iPhone – игричка која има за цел на луѓето да им ја приближи јапонската традиција.

Интересно е тоа што со компјутери почнала да се занимава во текот на 60-тите години од животот откако 43 години работела во една од водечките јапонски банки. Во чест на фестивалот Хинамацури или Ден на девојките, кој во Јапонија се одржува на 3 март, направи апликација за iOS која корисниците ги учи како правилно да ги постават куклите за фестивалот. Апликацијата Hinadan од корисникот бара да постави 12 кукли на одредени позиции, а завршува кога ќе се постават на правилен начин.

Освен што работи на апликации Масако пишува и блог на јапонски и англиски јазик, снима и споделува видеозаписи од своите патувања и подучува како да се користи Excel за изработка на уметнички дела.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail