„Вистинскиот човек“ на Башески – вистинска сензација во Билбао

Ordinary-human.jpg

Скулпторот Жарко Башески привлече oгромно внимание на изложбата „Преобликувана реалност, 50 години хипереалистична скулптура“ оргазнизирана од страна на Institut für Kulturaustausch во Музејот во Билбао. Музејот достигна рекорден број посетители додека Башески се најде на насловната страна на шпанскиот весник El Correro.

Изложбата „Преобликувана реалност, 50 години хипереалистична скулптура“ претставува  селекција од 34 дела на 26 уметници кои се најрепрезентативни во ова движење. Ова е прва  изложба која има за цел да понуди длабинско истражување на човековата фигурација низ  повеќе од педесет години постоење на хиперреализамот.

Меѓу делата на познатите светски скулптори се наоѓа и делото на Жарко Башески наречено  „Обичен човек“. Скулптурата на Башески се најде на неколку постери поставени низ градот кои  ја најавуваа изложбата, како и на скалите на метро станицата која води до музејот. Со тоа,  изложбата привлече големо внимание уште пред отворањето.

Museo-de-Bellas-Artes-de-Bilbao

Музејот во Билбао достигна рекорден број посетители односно 6600 и ова е најголем број на  посетители во еден ден од неговото отварање. Во првите 20 дена од изложбата повеќе од 42  000 посетители имаа можност да се восхитуваат на делата од светски познатите скулптори.

Студентите од Универзитетот на Северна Каролина кои се фотографираа со скулптурата на  Жарко Башески на денот на отварањето на изложбата беше вест која се најде на насловната  страна на шпанскиот весник El Correro.

Скулпторот Жарко Башески своето дело го изложува под темата „Играње со големината“  заедно со познатите светски скулптори Рон Мјуик, Сем Џинкс, Марк Сијан и Роберт Грејам.

Во своите дела Башески се фокусира на предизвиците на животот преку интензивно  емоционално претставување, аспект кој тој го нагласува играјќи си со димензии. Некои од  делата се монументални и на тој начин непристапни, додека други се мали по обем, што ги  прави да изгледаат неодредени и недоверливи.

Вниманието за делата на Башески беше се докажа и во Скопје, oколу 20 000 посетители ја  посетија неговата лична изложба „Обичниот човек“ во Чифте Амам, што е навистина рекорден  број посебно за летно време.

Изложбата во Билбао се затвора на 26 септември, a потоа истата ќе биде отворена во Мексико  во Museo de Arte Contemporáneo de Monterrey на 15 октомври.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail