Витамин кој може да му наштети на здравјето

vit.jpg

Витаминот Д е познат и како „витамин на Сонцето“, бидејќи нашето тело го произведува при излагање на кожата на Сончеви зраци.

Недостатокот на таква можност во зимските месеци ги наведува многу луѓе да го внесуваат овој витамин на вештачки начин за да му обезбедат на своето тело доволна количина од овој витамин.

Сепак, земањето на дополнителна количина на витамин Д не само што не е добра идеја, туку може да биде и доста опасно, предупредуваат експерти.

Иако нивото на витамин Д на зима опаѓа, суплементите би требало да ги земате само со претходна консултација со вашиот доктор во врска со тоа, соопштува германска фармацевтска група.

Таа предупредува дека премногу консумирање на витамин Д може да предизвика и прекумерена жед, поголема потреба за мокрење, мачнина и слабост.

Некои од природните извори на витамин Д се мрсна риба, маст, црвено месо, џигер и млечни производи.

Покрај исхраната богата со продукти кои содржат голема количина на витамин Д , оваа фармацевтска група советува и прошетка за време на сончевите денови на зима.

Недостатокот на витамин Д влијае на слабеење на коските и може да предизика остеопороза.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top