ВИВИДЕО: Бурето за вода им го олеснува животот на жените во Африка

bure-za-voda.jpg

Двајца инженери од Јужна Африка дизајнирале тркало, кога сфатиле дека во него може да стават вода и да го користат како буре. Од таа идеја се родило Hippo Roller и сега го менува животот на луѓето од земјите во развој.

Hippo Water Roller има за цел да ја олесни секојдневната борба на жените и децата во африканските земји со цел полесно да носат вода од изворите кои се лоцирани далеку од домовите.

Наместо да носат кофа со 20 литри вода на главите, тежината на водата останува на земја во бурето кое се тркала. Прикачената рачка им овозможува на жените да го туркаат без голем напор. Освен тоа, може да собере 5 пати повеќе вода отколку една кофа.

Така им штеди време на жените и децата за да можат да вршат други обврски по домаќинството или да одат на училиште. На овој начин ќе се подобрат основната хигиена и здравјето кај народот. Животниот век на едно вакво буре е од 5 до 7 години, во зависност од условите каде се користи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail