„Визер“ најавија 4 нови дестинации во следните 5 месеци – Еве кои се

vizer.png

Во наредните 17 недели, вкупно 21 авиони ќе бидат распределени во своите европски бази, поддржувајќи 700 дополнителни неделни заминувања и започнување на 70 нови услуги, соопшти „Визер“.

„Четири нови дестинации – Атина, Талин, Харков, Виена – ќе бидат отворени до средината на јули, заедно со отворањето на новата западно-европска база во главниот град на Австрија. Проширувањето на „Виз“ во 2018 година претставува инвестиција од повеќе од 2 милијарди долари во 11 бази во Велика Британија, Австрија, Полска, Украина, Унгарија, Романија и Грузија. Денес, „Виз“ ја слави оваа голема експанзија заедно со своите патници кои нудат ден за продажба на седишта со 2о отсто од сите летови закажани до 31 мај, за резервации направени денес, 13 март, до полноќ. Патниците на „Виз“ кои бараат да истражуваат неверојатни места низ Европа и пошироко сега можат да обезбедат најниски цени на wizzair.com“, соопшти „Визер“ и најави дека патниците кои патуваат на првите летови на новите 21 распоредено авиони ќе имаат шанса да добијат ваучери на „Виз“ од 1000 евра.

„Оние кои сакаат да откријат повеќе за патувањата на „Виз“ низ Европа ќе пронајдат многу повеќе забавни изненадувања на фејсбук страната“, соопшти авиокомпанијата.

„Визер“ ја започнува својата експанзија од 2018 година во Будимпешта оваа недела, со доаѓањето на дополнителен нов Ербас А320, кој ќе биде 11-тиот авион со седиште во унгарскиот главен град, што ќе се совпадне со започнувањето на новата возбудлива маршрута кон Ставангер во Норвешка.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top