Вклучен најголемиот рендгенски ласер на светот

NewsImage_5390-640x426.jpg

Научниците од германскиот истражувачки центар „DESY“ соопштија дека го вклучиле најголемиот ласер со Х-зраци.

Европскиот „XFEL“(European X-ray free electron laser) – најголемиот ласер во светот, го постигна последниот голем успех пред официјалното отворање во септември.

3,4 км долгиот објект, од кој најголемиот дел се наоѓа во подземни тунели, го генерираше првиот ласерски рендгенски зрак. Зракот има бранова должина од 0,8 nm – околу 500 пати пократка од видлива светлина. Првиот ласерски пулс траел една секунда, а фрекфенцијата до септември ќе биде зголемена до 27.000 во секунда.

Според научниците од германскиот истражувачки центар со ова е означена „нова ера во истражувањето во Европа“.

Со ласерот меѓу другото ќе се овоможи молекуларно мапирање на новите лекови и набљудување на биохемиските реакции во реално време.

Во овој проект се вклучени институции од Германија, Италија, Русија, Полска и Шпанија.

извор: enauka.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail