rTRYW-3304786055d4aa6122b83d571859213-v4-big.jpg

Во жешките летни денови, вкусот на лубеницата најмногу ни годи, додека воедно не освежува и разладува.

Но, колку всушност знаеме за лубеницата и нејзините корисни својства за нашето здравје?

Поради нејзиниот сладок вкус многумина лубеницата ја сметаат за овошје, а таа всушност влегува во семејството на тикви, исто како и краставицата. Всушност, лубеницата според својата дефиниција е зеленчук, но вкусен зеленчук.

Лубеницата е повеќекратно добра за нашето здравје, а ние ви издвојуваме само дел од предностите на овој зеленчук.

Ликопен против карцином
Лубеницата содржи ликопен кој и дава црвена боја, а го зајакнува имунитетот, па се смета за најмоќен антиоксиданс. На кожата и пружа заштита од UV зраци, добро влијае на здравјето на срцето и го подобрува помнењето. Спречува појава на карцином, посебно на кожата, простатата, дојката, матката и желудникот.

Полна е со вода
Со оглед на тоа дека е полна со вода, помага во хидрирање на организмот, што е посебно важно во лето. Лубеницата сочинува 92 проценти вода, па затоа чувствуваме ситост откако ќе ја изедеме.

Добра е за кожата и косата
Двата витамина кои ги содржи добро делуваат на здравјето на кожата и косата. Тоа се витамините A и C. Витаминот C му помага на телото да создава колаген кој е заслужен за еластичноста на кожата и го забавува стареењето на кожата и влијае на јачината на косата, додека витаминот А помага во обновата на клетките на кожата. Без доволно витамин А кожата би изгледала суво.

Дигестивни влакна
Овој зеленчук е полн со влакна па им помага во варењето на оние кои имаат проблем.

Ги решава проблемите со бешиката
Познато е дека лубеницата е добра за бешиката и бубрезите. Всушност, во овој случај помагаат и семките од лубеницата. Препорака е да зготвите четири лажици свежи семки во два литри вода. Гответе 15 минути, а тогаш таа приготвена течност пијте ја во наредните два дена. Третиот ден е пауза, а ако е потребно, постапката можете да ја повторите уште една недела. Покрај тоа, одличен извор е на железо, антиоксиданс, калиум, калциум, манган, магнезиум и витамините А, Б и Ц.

извор: точка.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail