„Вкусот на текстилот“, продажната изложба на студенти од Технолошко-металуршки факултет Скопје

taste-of-textiles.jpg

Под наслов „Вкусот на текстилот” денес на 7ми февруари со почеток во 20 часот во „Јавна соба“ ќе се одржи продажна изложба на македонски пионерски брендови. Влезот во Јавна соба е слободен.

Имено, станува збор за млaди креативци од Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко металуршки факултет од Скопје кои работеа 3 месеци на развој и производство на иновативни призводи од текстил. Производите се целосен пазарен новитет од аспект на функционалност, секој еден производ има две и повеќе функции, прилагоден е на урбаните очекувања и можности, лесен е за производство во соработка со локални производители што на некој начин го обезбедува  опстанок на овие пионерски брендови и е гаранција за нивен понатамошен развој – велат организаторите , Јавна соба.

Изложбата на инсистирање на организаторите е со продажен карактер. Велат, има доволно  уметници во земјава, но недостигаат дизајнери и обазование кое пазарно ке ги насочи уште од самиот  старт. Тука не станува збор за колични на роба, туку за мини серии, 2 до 3 исти парчиња на текстил, за да се прикажат сите функции но и јасно да се искомуницира вредноста на производите. Овој тип на неформално образование е многу значајно за во иднина да видиме здрави генерацији на дизајнери кои не само што ќе бидат креативни, туку ќе знаат и да го капитализираат своето знаење и труд.

Во сите производи се гледа балканска итрината и досетливост  од страна на младите креативци кои евидентно одлично ги владеат материјалите, што е права реткост за овие простори. На изложбата посетителите ќе имаат можност да видат 10  изработени производи во мини серии кои се резулатат  петдневната работилница за време на “Skopje Design Week 2016” и пост продукциски процес од 3 месеци.  Ќе видиме престилки за готвење кои можат да бидат кабаници за дожд или торби за пазарење, ракавици за чистење прашина и футрола – држач на мобилен, торба и фустан за на плажа и  многу други интелегентно споени фунции.

Проектот е поддржан од страна на Амбасадата на кралството на Холандија, дизајн центарот „Јавна соба“ и Институтот за дизајн и инжинеринг на облека при Технолошко-металуршки Факултет – Скопје

Дизајн центарот Јавна соба веќе има воспоставена пракса и методологија за реализација на научно практични работилници каде производите финално завршуваат на пазарот. Како резулатат на долгогодина работа и серии на спроведени работилници видно е унапреден дизајн секторот во земјава и регионот и призведени се повеќе од 80 брендови.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail