Властите во Осло на граѓаните им нудат по 1.200 долари помош за купување на електричен мотоцикл/велосипед.

elektricen-velosiped.jpg

На ваков потег за промоција на начините на превоз кои не загадуваат, се одлучија заради зголеменото загадување на воздухот, но и за да ја намалат зависноста од автомобилите. Бидејќи цената на електричните мотоцикли се движи од 2.500 до 6.400 долари, бонусот од властите ќе покрие 25 до 50% од вкупните трошоци. Сепак,  не сите граѓани ќе добијат субвенции за електричен мотоцикл. Такви ќе се доделат само на 500 до 1000 жители.

Идејата е луѓето да купат електрични мотоцикли на кои ќе можат да го возат и својот товар, како што се намирниците, торбите и другите лични сопствености кои обично ги пренесуваат во гепеците на автомобилите.

Норвешка потроши големи суми за промоција на велосипедизам, вклучително и нови стази и повеќе електрични велосипеди. Осло привремено ги забрани и дизел возилата, а главната цел е до 2019-та година да нема возила во центарот на градот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail