Влегува во оптек новата банкнота oд 50 евра на кирилица

50_evra.jpg

Новата банкнота oд 50 евра на кирилица влегува во оптек, објави Европската централна банка.

Ова е трета банкнота од заедничката европска валута, на која натписот “евро” е испишан на кирилица, бидејќи бугарската азбука стана официјален во Европската унија, откако земјата се приклучи во Унијата во 2007 година.

Пред тоа, во 2013 година, прво беа заменети банкнотите од 5 евра, а потоа, во 2014 година, – оние од 10 евра.

Новата банкнота од 50 евра е со подобрена заштита против фалсификат. Ова се наложуваше, бидејќи само во Германија цели 61% од сите запленети фалсификувани банкноти се имено апоени од 50 евра.

Во оптек денес влегуваат 5,4 милијарди од новите банкноти, а тие прво ќе се појавуваат во земјите од еврозоната.

Старите апоени продолжуваат да се редовно платежно средство и не е потребно да се разменуваат. Тие ќе бидат повлечени постепено од банките. До крајот на 2018 година треба да бидат пуштени и нови банкноти со номинална вредност од 100 и 200 евра. Веднаш потоа од оптек ќе се извадат оние со номинална вредност од 500 евра.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail