saem-na-kniga-1.jpg

Саемот на книга од 3-ти до 9 мај ќе се одржува под слоганот „30 години читаме со задоволство” со учество на 49 издавачи од Македонија.

По повод тридеценискиот јубилеј, влезот за сите групни посети на ученици ќе биде бесплатен, соопшти Скопски саем, кој ја организира саемската манифестација под покровителство на Министерството за култура.

Саемот првпат годинава ќе се одржува во ВИП Арена „Борис Трајковски“, со работно време од 10 до 20 часот.

На штандовите со книги посетителите може да најдат изданија од домашни и странски автори, белетристика, стручна и научна литература, енциклопедии, книги за млади и деца, учебници и училишни прирачници..

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail