Внимание! Се вклучува роаминг без да знаете!

roaming-europe-2017-reduit-2016.jpg

ВНИМАВАЈТЕ: Деновиве повеќе граѓани се пожалија дека разговорите им се тарифираат како на роаминг иако воопшто немаат излезено од Македонија!

Роамингот кои деновиве се вклучува на мобилните кај дел од граѓаните нема да ги зголеми нивните сметки уверуваат од АЕК. Причината за тоа е што со спојувањето на Оне и Вип дел од претплатниците се уште се на старата мрежа и додека да се префрлат на новата се ставени на национален роаминг.

Заклучно со третиот квартал лани регистрирани се над 2 милиони активни претплатници во мобилната телефонија 3,6 отсто повеќе од претходниот квартал. Поголем дел од претплатниците користат припејд услуги отколку постпејт.

Намален е и бројот на испратени СМС пораки. Од компанијата велат дека наскоро во Македонија со работа ќе почне нов четвр мобилен оператор. Од АЕК велат дека изминатиов период намален е бројот на жалби и поплаки од граѓаните, што се должи на зголемената едукација кај луѓето и контролите кои од АЕК врз операторите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail