Внимавајте: Нова измама кружи на Фејсбук

fejsbuk-1-640x433.jpg

Започна да кружи нова Фејсбук измама при што главна цел се информациите кои ги крие вашиот профил.
Измамата се состои во тоа што најпрво добивате порака во која пишува дека вашиот Фејсбук профил е исклучен поради вознемирување на други корисници и доколку повторно сакате да го активирате ви предлагаат да  кликнете на линкот кој што ви се испратен.

Со кликнувањето на линкот кој што ви е испратен од вас се бара да внесете податоци, вклучувајќи го вашиот датум на раѓање. Немојте тоа да го правите, бидејќи на напаѓачите ќе им ги откриете вашите податоци.

Вашиот Фејсбук профил не е деактивиран, не грижете се и затоа заобиколете ја пораката, избришете ја или означете ја како спам и предупредете ги другите преку Фејсбук.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail