Внимавајте – Сексуално преносливи болести можете да добиете и без секс

labelo.jpg

Иако постојат митови и легенди за тоа како може да се заразите со сексуално пренослива болест од јавните тоалети, постојат и приказни кои не се така невистинити, а се однесуваат на места и предмети со кои секојдневно сте во контакт.

Балсам за усни

Постојат два типа на херпес вирусот: симплекс 1 (орален) и симлекс 2 (генитален), но и двата се пренесуваат преку директен контакт.

hipsterska-brada

Нечија брада

Иако негувањето брада е во тренд во моментов, таа претставува плодна почва за размножување на габични инфекции и херпеси, па дури и срамни вошки.

depilacija

Депилација

Освен што е исклучително непријатна депилацијата е и мошне опасна по здравјето. Постојаното користење на истото стапче за нанесување на восокот е едниот начин за пренесување на сексуални преносливи болести, а другиот се однесува конкретно на отстранувањето на влакната. При повлекувањето на влакната се отвораат порите на кожата која без отстранетиот заштитен слој не може да се бори против штетните бактерии и вируси.

so'

Солариум

Ултравиолетовата светлина не само што не ги убива бактериите туку им помага да станат отпорни на надворешни влијанија.

te

Тетовирање

Исто како и депилацијата, сѐ зависи од хигиената во салонот каде ќе се тетовирате. Сепак вреди да се напомене дека ако сте отишле да се тетовирате не значи дека нема да се вратите со хепатит дома.

Единствената добра вест е што шансите да ‘закачите’ некоја сексуално пренослива болест без да имате секс е мошне мала.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail