Внимавајте што објавувате на фејсбук- следуваат големи казни!

facebook-court-case.jpg

Дали внимавате што пишувате на фејсбук? Подобро е да внимавате бидејќи може да завршите во затвор или да платите огромна казна! Фејсбук најавува тужби против сите оние кои што ја користат социјалната мреже за оваа цел. Доволно е да ве репортираат и можете да очекувате покана за на суд!

Американец од Лас Вегас по име Сенфорд Валас се занимава со испраќање на несакани пораки преку интернет (т.н. spam пораки) веќе четврт век – почнувајќи во 1991 година. Токму така, тој уште пред 25 години започнал да се занимава со испраќање на рекламни флаери преку телефакс на голем број на компании и физички лица. Денес, наместо преку телефакс, тој своите реклами ги испраќа преку интернет. Колку пати сте се изнервирале кога сте ја отвориле вашата електронска пошта или фејсбук профил и сте забележале дека имате 10 нови пораки според кои сте добитник на iPhone, автомобил, одмор, а во поново време и 1.000.000 долари? Овие пораки, доволно е само да ги отворите за на оној кој ги испраќа да му направите профит. Но, спамерите како Сенфорд веќе нема да можат толку слободно да функционираат!
На крајот, токму Facabook е компанијата која го тужела овој американец поради тоа што се докажало дека преку оваа социјална мрежа тој испратил 27 милиони спам пораки. Наводно, тој искористил и половина милион хакирани профили за да испраќа дополнителен број на пораки на случајни фејсбук корисници.
На судското рочиште, Валас ја призна вината, а судот му изрече казна затвор од 2,5 години ипарична казна од преку 310 илјади американски долари. Со ова компанијата сака да им испрати порака на сите оние кои ја користат нивната платформа за да испраќаат лажни пораки.Внимавајте што пишувате на фејсбук!
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail