Внуката на јапонскиот цар ќе студира во Лидс

vnuka.jpg

Универзитетот во Лидс штотуку доби за нијанса поголема светска популарност, откако се дозна дека таму ќе студира член на јапонското царско семејство.

Во септември, јапонската принцеза, внука на царот Акихито, Како (22) ќе замине на студии во Велика Британија, поточно во градот Лидс, пишува „Индепендент”. Таа ќе остане на Островот само една година, по што налето идната година ќе се врати во својата земја. Била студент на Меѓународниот христијански универзитет во Токио и на универзитетот Гакушуин нa Kjoтo.

Се уште не одлучила за конкретна стручна насока, но според јапонските медиуми, таа пројавува интерес за психологија и уметност.

Постарата сестра на Како, принцезата Мако исто така студираше во Велика Британија, но во шкотката престолнина Единбург.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail