Во 2012 Сонцето за малку ќе не спржело

mesecina-sonce.jpg

Голема експлозија на сонцето за влакно ја избегнала Земјата, соопштија научници од универзитетот Беркли.

Доколку се случеше тоа, ќе беше предизвикан општ хаос во земјиното магнетно поле. Ударот би бил посилен од оној во 1859 година, кога најголемата Сончева магнетна олуја ја погоди Земјата.

Експлозијата ја промашила земјата буквално за неколку дена. Кога еруптирало сонцето земјата веќе била на другата негова страна и така е избегната катастрофа.

– Да ја погодеше Земјата, ќе беше слично како во 1859, но влијанието ќе беше застрашувачко во овој модерен свет на технологија, вели физичарката Џенет Лухман.

Магнетната олуја во 1859 го уништи само телеграфскиот систем, сега ќе беа уништени, мрежните напојувачи, далеководите, комуникациските уреди и се смета дека вкупната штета ќе беше огромна.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail