Во 2017 година ќе има целосно затемнување на сонцето

mesecina-sonce.jpg

 По долго време, во САД во 2017 година, ќе има целосно затемнување на сонцето. Покрај соларното затемнување, во годината што доаѓа на небото ќе има и други извонредни глетки што ги вклучуваат планетите Венера и Јупитер, но и два потенцијално густи метеорски дождови.

На 21 август 2017 година, Месечината целосно ќе го блокира Сонцето, а тоа одлично ќе се види во Соединетите држави. Последен пат кога Американците имаа прилика да го посведочат овој голем ѕвезден настан било во 1979 година.

Но, има една мамка: за да можете да го видите затемнувањето, мора да бидете на вистинското место. За да имаат комплетно доживување, Американците треба да се затекнат на тесен пат меѓу Орегон и Јужна Каролина или да отидат на запад до Мисури, Небраска, Вајоминг и Ајдахо.

Метеорските дождови, пак, се променлива појава што не може да биде предвидена од егзактните науки. Меѓутоа, постои веројатност на 21 октомври да се појават Орионидите, а на 17 ноември – Леонидите. Месечината нема да им го попречува патот, па се очекува сјаен метеорски дожд.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top