Во 2017 година ќе можете да посетувате бесплатни онлајн курсеви на Оксфорд

oksford-organizuje-kurseve.jpg

, Image: 308266754, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Profimedia, Alamy

Најдобро рангираните универзитети во светот се придружија на престижните универзитети како „Беркли“ и „Харвард“ во отворањето на онлајн курсеви (МОК). Универзитетот Оксфорд ќе соработува со престижната непрофитна онлајн платформа за учење „Еdh“ за да овозможи бесплатно следење на курсот „Од сиромаштија до просперитет – разбирање на економскиот развој“.

Овој курс е совршен за сите оние кои сакаат да се здобијат со дополнително знаење и да се образуваат. Курсот ќе го води професорот по економија и јавна политика Сер Пол Колијер.
Професорот од Харвард Нагре Вудс по повод курсот ќе изјави. Преку овој прв отворен јавен курс кој што е достапен на широките маси гледаме како може да го пренесуваме знаењето и надвор од училниците на Оксфорд и сакаме да им помогнеме на луѓето да разберат како нивното општество и држава би можеле да напредуваат без разлика каде и да се наоѓаат во светот. Уписот е сега отворен преку „Edx“ платформата и студентите би можеле да очекуваат дека ќе поминуваат по неколку часа неделно на курсот кој трае околу шест недели.

Иако Универзитетот Оксфорд оваа програма ја започна дури сега, идејата за достапност на курсеви по пат на интернет кои ќе бидат организирани од самите универзитети во САД е присутна уште пред неколку години.
Универзитетот Харвард и институтот за технологија во Масачусец отворија масовна отворена платформа уште од 2012 година се со цел квалитетното образование да биде достапно секаде и секому и подобрување на учењето и предавањето на универзитетите, како и онлајн истражување. Во понудата се курсеви од најдобрите светски универзитети и институции.

Дека системот на учење со користење на Интернет е во пораст, најдобро зборуваат фактите за виртуелните сајтови за вработување и размена на студенти. Всушност еден саем од овој вид е одржан на десетти јануари.
Владини функционери и претставници од повеќе од 100-те најдобри универзитети разговараа со студентите преку интернет за образовните можности и можностите за работа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail