Во 2017-та година вкупно седум продолжени викенди

kalendar.jpg

Првиот продолжен викенд граѓаните ќе го имаат веднаш по пречекот на Нова година бидејќи 1 јануари е во недела и се префрла во понеделник така што ќе имаат повеќе време да уживаат во новогодишните празници.

Слична е ситуацијата и со големиот христијански празник Велигден кој годинава како неработен е на 17 април и со Денот на трудот – 1 Мај. Двата празника се во понеделник.

Продолжен викенд за сите граѓани ќе има и во јуни кога се празнува Рамазан Бајрам, односно бидејќи празникот е во недела на 25 јуни, се префрла во понеделник.

Повеќе ќе се одмара и за 8 Септември – Денот на независноста и за 8 Декември – „Св. Климент Охридски“ кои се во петок, а уште еден продолжен викенд има при крајот на годината бидејќи Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври е во понеделник.

Неработни за сите граѓани се и 24 мај – Денот на сесловенските просветители, 2 август – Денот на Републиката и Денот на народното востание – 11 октомври, кои годинава се во среда.

Граѓаните од православна вероисповед најмногу ќе одмараат за големиот христијански празник Велигден бидејќи за нив освен понеделникот – 17 април, неработен ќе биде и петокот – 14 април. Продолжени викенди православните верници ќе имаат и за Бадник на 6 јануари – петок, за Духовден на 2 јуни – петок и за Успение на пресвета Богородица, кој годинава е во понеделник. Како неработен ден за православните верници е и Богојавление – Водици, кој е во четврток.

Годинава, православниот Велигден е во исти ден со католичкиот Велигден така што и верниците од католичка вероисповед ќе празнуваат на 17 април – понеделник. Граѓаните од католичка вероисповед ќе имаат уште еден продолжен викенд за католичкиот Божик, кој годинава е во понеделник. За католиците неработен е и Празникот на сите светци – 1 ноември кој е во среда.

Граѓаните од муслиманска вероисповед ќе имаат продолжен викенд за Курбан Бајрам кој е на 1 септември во петок, додека албанската заедница ќе го слават како неработен ден и 22 ноември – Денот на албанската азбука, кој е во среда.

Припадниците на српската заедница годинава ќе имаат продолжен викенд за празникот Свети Сава кој е во петок на 27 јануари. Ромите ќе го слават Меѓународниот ден на Ромите во сабота на 8 април, додека припадниците на влашката заедница ќе празнуваат на 23 мај за Националниот ден на Власите, кој е во вторник.

За Еврејската заедница во Македонија неработен е првиот ден на Јом Кипур на 30 септември во сабота, додека Бошњачката заедница ќе го празнува 28 септември – четврток односно Меѓународниот ден на Бошњаците. Неработен ден за припадниците на турската заедница е Денот на наставата на турски јазик на 21 декември.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2017 година, неработни денови се:

За сите граѓани на РМ:

  • 01 јануари (недела), Нова Година, односно 02 јануари (понеделник) е неработен ден
  • 07 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
  • 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
  • 01 мај (понеделник), Ден на трудот,
  • 24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
  • 25 јуни (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 26 јуни (понеделник) е неработен ден
  • 02 август (среда), Ден на Републиката
  • 8 септември (петок), Ден на независноста
  • 11 октомври (среда), Ден на народното востание,
  • 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
  • 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед:

  • 06 јануари (петок), Бадник, ден пред Божик
  • 19 јануари (четврток), Богојавление (Водици)
  • 14 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
  • 02 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден
  • 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед:

  • 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
  • 01 ноември (среда), Празникот на сите светци
  • 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед:

  • 01 септември (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ:

  • 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ:

  • 27 јануари (петок), Свети Сава За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
  • 08 април (сабота), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ:

  • 23 мај (вторник), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ:

  • 30 септември (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ:

  • 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ:

  • 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail