budi-prv.png

На белградскиот приватен универзитет Мегатренд се отвора нов смер, факултет за диџеи, кој ќе започне со работа на 1 октомври. Сопственикот на унивезитетот Миќа Јовановиќ во утринска емисија изјави дека квотата е пополнета.

Иако многумина мислат дека овој факултет е најбесмислениот на светот, Јовановиќ има големи амбиции за овој проект.

Предавачи ќе бидат Џанлука Ваки, кој бил многу заинтересиран да присуствува во Белград на отворањето и да биде дел од оваа високообразовна револуција. Најверојатно се работи за италијанскиот милионер кој стана интернет ѕвезда танцувајќи со млади девојки и покажувајќи си ги тетоважите по јахти. Наводно многу често настапувал како диџеј.

Мегатренд е во преговори и со Боб Синклер, а на годинешниов Егзит ќе се обидат да стапат во контакт и со Дејвид Гета.

Идните дипломирани диџеи ќе имаат 8, т.е. 10 предмети. Освен Заштита од наркотици, ќе учат и Методолигија на диџејство, Продукција и дизајн на звук, Миксање музика, Кретивнна музичка компјутерска техника, па повторно Миксање музика. На дипломата ќе им пишува дипломиран менаџер во културата и медиумите – диџеј.

И додека не сте сигурни дали оваа вест е вистинита или лажна на диџеј-факултетот веќе се запишани 107 бруцоши од 120 празни места.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail