Во чиј спомен и зошто се фарбаат црвени јајца за големиот христијански празник Велигден!?

marija-magdalena.png

Со векови, бојадисувањето јајца е можеби една од најстарите христијански традиции, особено за време на Велигден. Оваа традиција го симболизира Исусовото воскресение и вознобновувањето на новиот живот. Меѓу православните христијани ова споделување е придружено од страна на зборовите „Христос воскресна“ и одговорот „Навистина воскресна“.

Вапцањето на јајцата се прави во спомен на настанот кога света Марија Магдалена Мироносица (тоа е таа девојка која со Пресвета Богородица, постојано била покрај Христос во текот на неговото голготско страдање и на која Христос и се јавил прв по неговото воскреснување), патувала во Рим да проповеда Евангелие и да го посети царот Тибериј. Тогаш во знак на внимание, како новогодишен подарок му однела јајце и го поздравила со зборовите: Христос Воскресе!

Но, кога Марија почнала да му зборува на Тиберниј за тоа дека Исус Христос исто така се ослободи од оковите на смртта и воскресна, императорот се насмеал велејќи: „Тоа е исто така невозможно како и твоето бело јајце да се претвори во црвено“. И уште не ја завршил реченицата, а јајцето во рацете на Марија Магдалена станало црвено.

Денес, православните христијани на Велигден подарувајќи си црвено јајце еден на друг или кршејќи се со него, всушност го симболизираат Христовото Воскрсение и спасение: победата над смртта – смрт на смртта.

 

Во продолжение прочитајте поопширно која е Марија Магдалена…

 

Марија Магдалена од Магдала, во апокрифите од Новиот Завет и во Новиот Завет е опишана како една од најважните женски личности во животот и мисионерството на Исус Христос. Марија Магдалена била доследна следбеничка на делото на Исус Христос во времето на неговиот живот и по него. Таа во движењето можеби станала позната во последните денови на Исус, патувајќи заедно со него и Апостолите. Според сите Четири Евангелија, Марија Магдалена била првиот сведок на Воскресението Христово.

Марија Магдалена е наведена и во ранохристијанските списи како „апостол на апостолите“. Во апокрифните текстови, таа е опишана како визионер и лидер на Исусовото движење, која била сакана од Исус повеќе од сите други ученици.

Марија Магдалена од страна на Римокатоличката црква, од Православнатта црква и од Англиканската црква се смета за светец. Нејзиниот празник се чествува на 22 јули. Таа исто така се чествува и од страна на Лутеранската црква.

Од Рим, Марија Магдалена се вратила во Ефес кај апостол Јован на кој му помогнала во проповедта на евангелието. Моштите на Света Магдалена биле пренесени во Цариград. Блиску до Гетисманската градина во Ерусалим, денешен Израел, била изградена Црква „Марија Магдалена“ посветена на оваа светица.

Уредник: Мариета Младеновска

 

 

 

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail