Во Чикаго промовирана монографијата „Атанас Близнаков“ од Славе Катин

katin.jpg

Монографијата „Атанас Близнаков“ од авторот Славе Катин е промовирана во македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго. Изданието е на Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.

За монографијата зборуваа ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски, проректорот проф. Билјана Ангелова, свештеникот Тони Јошевски и авторот на монографијата Славе Катин.

Монографијата е за најголемиот донатор во македонската дијаспора Атанас Близнаков (15.12.1901 – 10.07.1998), македонски национален деец, иселеник и повратник од САД. Во 1920 година емигрирал во САД. Работел во Гери (Индијана) и бил активен член на Македонско-американскиот народен сојуз (МАНС).

Тој е еден од основачите на друштвата „Александар Македонски“ и „Лазар Поптрајков“ и главен иницијатор за изградба на првата македонска православна црква во САД, „Свети Кирил и Методиј во Гери, Индијана. Бил претседател на Болничкиот комитет во Гери за собирање парични средства за изградба на Државната болница во Скопје.

Во 1977 година заедно со сопругата Славка ја основал Фондацијата „Атанас Близнаков“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје за стипендирање талентирани студенти.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail