Во Дубаи се гради нов највисок хотел

Ciel-Hotel-in-Dubai-to-be-World-s-Tallest-Hotel-by-2023.jpg

Во Дубаи моментално се наоѓаат 12 од 100-те највисоки хотели на светот, но градот се стреми да постави нов светски рекорд.

Хотелот „Сиел“, кој моментално се гради, ќе има 82 спратови и кога ќе биде готов во 2023 година, ќе биде највисок на светот. Тој ќе се издигнува 360 метри во височина, што е четири метри повеќе од актуелниот рекордер „Гевора“, исто така во Дубаи.

„Сиел“ ќе содржи 1.042 луксузни апартмани и ќе се наоѓа во срцето на градската марина. Проектиран од британското архитектонско студио „НОРР“, неговата изградба почна во август минатата година.

„‘Сиел‘ ќе биде дестинација од соништата за туристите од цел свет. Стаклената палуба за набљудување од 360 степени ќе нуди неверојатен панорамски поглед на брегот и на најпознатите обележја на градот. На покривот ќе се наоѓа бесконечен базен, кој на посетителите ќе им овозможи да бидат буквално на врвот на светот“, изјави портпарол на инвеститорот „The First Group“.

извор: сакам да кажам

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail