Во еден ден исчезнуваат од 50 до 150 животински видови!

zivotni.jpg

Денес се одбележува Светскиот ден на животните, кој за прв пат беше одбележан на 4 октомври 1931 година на конвенцијата за екологија во Фиренца со цел да се предупреди на загрозеноста на животинските видови.

Во тоа време овој ден се прославувал како Денот на Светиот Францис Асис, светиот заштитник на животните и животната средина. Со текот на времето го изгуби своето верско обележје и одамна претставува празник на сите љубители и заштитници на животните, без оглед на верата и нацијата.

Во текот на годините прерасна во настан посветен на грижата за сите животни. Овој ден се одбележува во 68 земји ширум светот првенствено за да се предупреди на проблемот со животните и како би се подигнала свеста на јавноста во однос на луѓето кон животните, со оглед на фактот дека всушност луѓето се оние кои најмногу ги загрозуваат.

Загрозеноста на видот се проценува според критериумите на Меѓународната унија за зачувување на природата според категоријата ранливост.

Помеѓу видовите кои се наоѓаат пред изумирање се морските желки, горилите, пандите, слоновите, китовите и тигрите. Според податоците на светските организации, секој ден умираат од 50 до 150 видови, за кои најмногу виновен е човекот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail