Во Хрватска ќе има потреба од 15.000 странски работници во туризмот

hrvatska.jpg

Хрватскиот министер за туризам, Гари Капели изрази незадоволство од одлуката на владата во Загреб следната година да бидат издадени само 1.860 работни дозволи за странци, кои ќе бидат ангажирани за потребите на туристичкиот сектор, пренесе Вечерњи лист.

Капели истакна дека бројот на странските кадри во секторот треба да биде повисок, инаку властите ризикуваат да го доведат во прашање успехот на следната летна сезона. Според неговата проценка, во 2018 година ќе бидат потребни 15.000 странски работници за да ги задоволат потребите на хрватскиот туризам.

Истовремено министерот призна дека квотите за странци се само привремено решение за недостигот на работна сила и увери дека Министерството за туризам работи на мерки за подобрување на условите за работа во секторот.

Според Капели, голем број студии покажале недвосмислено дека проблемот со работна рака во хрватскиот туризам веќе се чувствува. Министерот беше категоричен дека посетителите во земјата не се жалат на цените или пренатрупаните одморалишта, туку само од квалитетот на понудените услуги.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail