retirement-657x385.png

Рик Еделман, основач и извршен директор на компанијата Edelman Financial Services, една од водечките компании за финансиско советување, смета дека наскоро ќе исчезне досегашниот концепт на пензионирање.

Еделман во едно видео наведува дека повеќе нема да постои моменталниот след на настани: раѓање, одење на училиште, вработување, пензионирање и умирање.

„Очекуваниот животен век многу набрзо веројатно ќе се продолжи, што значи дека можеби ќе живееме 110 или 120 години. Нема да биде одржлива идејата да одиме во пензија на 65 години. Имено, ако живееме до 120 години, а појдеме во пензија на 65 години, како ќе заработуваме, односно како ќе можеме да си дозволиме 50-60 години слободно време? Готово е со идејата за одење во пензија. Тоа била иновација на 20 век, која ја немало во 19 век, а нема да ја има ни во 21 век. Во иднина ќе работиме додека не наполниме 75, 85, 95 или 105 години.Но, не се грижете. Не е толку страшно како што звучи. Имено, вие ќе сакате да работите“ вели Еделман.

Тој објаснува дека ќе сакаме да работиме од две причини. Најпрвин, ќе бидеме доволно здрави за да можеме да работиме. Како стогодишници, според него, ќе бидеме здрави како денес некој што има 40 или 50 години. Тоа значи дека ќе сакаме да останеме активни. Второ, ќе заработуваме пари полесно отоколку кога било благодарение на заедничката економија, краткотрајните договори, идејата за работа со скратено време, работењето преку Интернет и слично.

Еделман вели дека повеќе нема да мора да работиме 40 или 50 часа неделно и нема да мора да заработуваме 100.000 долари годишно за да се издржуваме, туку ќе можеме да ги дополниме соите приходи со 20.000 до 40.000 долари годишно работејќи хонорарно, а тоа значи дека нема да чекаме да дојдеме до години или стаж за пензија.

Според неговата теорија, во иднина почесто ќе имаме годишни одмори. Значи, ќе појдеме на училиште, ќе најдеме работа, а потоа ќе земеме неколку години одмор. Подоцна повторно ќе одиме на работа и ќе почнеме некоја сосема нова кариера и така ќе правиме цел живот. Нема повеќе да постои концептот на линеарно вработување. Наместо тоа, ќе се појави циклична линија на животот каде што ќе поминуваме преку учење, вработување и слободно време.

„Ќе биде забавно и пријатно, а ќе биде и корисно за заедницата. Зошто некој би имал проблем со тоа?“ вели Еделман.

иѕвор: Иновативност

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail