Во Израел одгледан најмалиот домат на светот

deo.jpg

Израелската компанија Кедма одгледала домат со димензии на боровница и станува збор веројатно за најмалиот домат на светот и воедно најмалиот домат одгледан во Израел.

Семето на доматот направено е во Холандија и модифицирано е да успее во сувите климатски услови во јужен Израел.

Рами Голан од Центарот за истражување во централна и северна Арава, изјави дека тоа е најмалиот домат одгледан во Израел.

„Доматот е за 30 отсто посладок од било кој друг домат на светот. Тој е како слатка“, вели Ариел Кидрон од компанијата Кедма.

Еден познат израелски готвач, добил некои рани примероци од најмалиот домат на светот.

Тој верува дека новиот тип на мини домат ќе создаде бесконечен број на нови рецепти.

„Што се однесува до величината, тоа е едноставно одлично, не треба ништо да преземаме, изгледа навистина многу убаво“, вели израелскиот готвач.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top