ontario.jpg

Канада стана уште земја која започна експеримент со воведувањето на безусловен основен приход. Пилот програмата започна од почетокот на оваа недела, откако опфаќа 4.000 лица кои ќе добиваат загарантиран приход секој месец без оглед на тоа дали работат или не.

Според условите, вклучените во шемата можат да добиваат до 16.989 канадски долари или 12.616 американски долари годишно во форма на граѓанска плата. Вклучените луѓе треба да бидат на возраст меѓу 18 и 64 години, пишува CNN Money.

Од локалната самоуправа коментираат дека сакаат да проверат дали безусловниот приход може да ги „поддржува ранливите работници, да се подобри здравствениот статус и образованието на луѓето со ниски приходи и да се осигура дека секој може да има удел во економскиот раст на Онтарио“.

Специјалисти ќе треба да го пресметаат влијанието на шемата врз здравјето, начинот на исхрана и на живот, како и врз образованието на вклучените граѓани. Оние кои сакаат да се вклучат ќе треба да поднесат документи во следните неколку недели.

На почетокот на оваа година Финска воведе слична програма. Таму 2.000 граѓани веќе добиваат граѓанска плата. Во Холандија и Кенија исто размислуваат за слични активности.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail