energy-plant-e1562156105528.png

Со популација од 20 милиони луѓе, градот произведува многу отпад – ококлу 15.000 тони дневно, отпад кој потоа ќе се користи за генерирање енергија. Процесот функционира така што ја складира топлината од согорувањето, која потоа придвижува турбина за да се генерира електрицитет.

Со согорувањето на отпадот се испушта јаглерод диоксид во воздухот, но според архитектите на фабриката, количината СО2 која ќе се испушта ќе биде половина од она што би се испуштило кога отпадот би се фрлил на депонија, каде што завршува најголем дел од отпадот во Шенжен.

Се проценува дека глобалниот пазар за добивање енергија од отпадот до 2023 година ќе вреди 40 милијарди долари. Светската популација, пак, ќе достигне 9,8 милијарди луѓе до 2050 година, предвидуваат Обединетите нации, а 68% од тие луѓе ќе живеат во градови, па решенијата за менаџирање со урбаниот отпад ќе бидат многу привлечни за инвеститорите.

ixКина генерира повеќе отпад отколку која било друга земја, покажуваат податоците на Светска банка. Но, сите земји и градови во светот се соочуваат со слични предизвици. Кога ќе биде готова, новата фабрика во Шенжен ќе согорува речиси една третина од отпадот во градот, а ќе генерира и обновлива енергија преку соларните панели со површина од 40.000 квадратни метри поставени на кровот.

извор: Иновативност.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail