Во Куманово летен саем на книгата

leten-saem-antolog.jpg

Кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ во соработка со издавачката куќа „Антолог“ од Скопје, цо Куманово организираат летен саем на книгата кој трае од денеска до четврток.

На саемот кумановци ќе можат да се снабдат со најбараните наслови во летниот период со специјални летни намалувања и саемски попусти. Читателите имаа можност да одберат  и летните пакети книги од „Антолог“ по различни   цени.

– Летниот саем на книгата во Куманово е одлична можност за љубителите на книгата да ги збогатат своите домашни библиотеки, но и да купат книги за годишните одмории. Љубовни, историски и семејни романи, трилери, класици, хумор, поезија и широк избор на книги за деца саемот нуди наслови за сите генерации и вкусови, изјави Марјан Петковски, директор на кумановската библиотека.

antolog

Тој додаде дека секоја година ќе се организираат вакви саеми на книги со различни издавачки куќи.

– Достапни се 70-тина наслови од најновата продукција на издавачката куќа.Имаме и бестселери на Њујорк Тамјс,најбарана во моментов е „Трач“ од Елин Хилдербранд,се бараат трилери, љубовни романи,класици, изјави Жарко Кујунџиски, уредник во издавачката куќа „Антолог“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.